text size
Во блок трансакција вредна 34,8 милиони денари (565.000 евра) денеска на Македонската берза се продадоа 5.980 акции од винарската визба „Тиквеш“ од Кавадарци. Станува збор за 2,21 проценти од основната главнина на друштвото.
Акциите се продадоа по цена од 5.820 денари (94 евра) по акција. Номиналната вредност на акциите на компанијата е 51,13 евра.