text size
НЛБ Банка во првите три месеци од годинава оствари добивка од 678 милиони денари (11 милиони евра), што претставува намалување за 15,5 отсто во однос на остварената нето – добивка истиот период претходната година покажува неревидираниот неконсолидиран успех на банката објавен преку Македонската берза. Од банката информираат намалувањето се должи на пресметани исправки на вредноста на финансиските средства и посебната резерва за вонбилансната изложеност заклучно со 31.03.2024 година.