text size
Заработката на „Стелантис“ (Stellantis NV) се намали во првата половина од годината, при што компанијата вети дополнителни мерки за да се справи со големиот пад на продажбата. Нето добивката падна за 48 проценти во првите шест месеци од годината на 5,6 милијарди евра (6,1 милијарди долари), објави вчера компанијата. Тоа е многу помалку од просечната проценка од 7 милијарди евра во анкетата што меѓу аналитичарите ја спроведе „Блумберг“.