text size
„Алкалоид“ АД Скопје во првите шест месеци од годинава оствари консолидирана нето-добивка од 825,1 милиони денари (13,4 милиони евра), што е зголемување за седум проценти во однос на истиот период претходната година, покажува неревидираниот консолидиран биланс на успех на компанијата објавен преку Македонската берза.