„Орка холдинг“ продаде 3.274 обични акции со право на глас издадени од „Жито Полог“ АД Тетово и сега не поседува обични акции со право на глас издадени од компанијата, информираа од „Жито Полог“ АД Тетово преку Македонската берза.
Оттаму истовремено соопштија дека акционерот Тони Јосифовски се стекнал во сопственост со 2.871 обични акции со право на глас издадени од „Жито Полог“ АД Тетово и сега поседува 13.990 обични акции со право на глас што претставува 24,99 проценти од вкупниот број на издадени акции на друштвото.
„Извршниот директор Сашо Босилков се стекна во сопственост со 403 обични акции со право на глас издадени од ‚Жито Полог‘АД Тетово што претставува 0,72 проценти од вкупниот број на издадени акции на друштвото“, наведуваат од компанијата.
Прочитај повеќе
КХВ: Успешна е понудата на „Орка Холдинг“ за преземање акции од „Жито Полог“
Понудата за преземање e прифатена од страна на вкупно четири акционери-сопственици на акции со право на глас во „Жито Полог“ АД Тетово, кои поседуваат вкупно 399 акции
27.03.2024
„Орка Холдинг“ го паузира процесот на преземање на „Жито Полог“
КХВ укажала дека е потребно ажурирање на проспектот за преземање.
06.03.2024