text size
„Сони“ (Sony Group Corp.) ја зголемува цената на „Плејстејшн 5“ (PlayStation 5) во Јапонија за 19 проценти до речиси 80.000 јени (550 долари) речиси четири години по почетокот на животниот циклус на конзолата. Изненадувачкиот потег доаѓа дури и кога продажбата на ПС5 е забавена и се очекува од „Сони“ да ја освежи својата понуда со помоќно обновување на конзолата во наредните месеци. Цените на додатоците како безжичниот контролер „Дуалсенс“ (DualSense) и безжичните слушалки „Пулс“ (Pulse) исто така ќе пораснат во Јапонија од 2 септември.