text size
Извршниот директор на „Тесла“ (Tesla) и најбогат човек на планетата, Илон Маск продал 7,92 милиони акции на компанијата во вредност од 6,9 милијарди долари на 5 август, што е неговата најголема поединечна продажба на акции досега. Маск ги продал акциите за да се подготви за можноста да биде принуден да го купи „Твитер“ (Twitter): „Во случај (се надевам малку веројатeн) Twitter да изнуди продажба, императив е да се избегне итна продажба на акциите на Tesla“.