Минатата недела донесе нови промени во сопственичката структура на „Македонијатурист“. „Промедика“ стана нов акционер и поседува 8,68 проценти од основната главнина на друштвото, а „Скопски пазар“ ја зголеми сопственоста на 10 проценти од основната главнина.
„Блумберг Адрија“ минатата недела објави дека во блок трансакција вредна 417,9 милиони денари (6,7 милиони евра) се продадоа 30.741 акција од „Македонијатурист“ коишто претставуваат 6,80 проценти од основната главнина на друштвото. Акциите се продадоа по цена од 13.597 денари за акција, којашто е многу повисока од просечната цена од 7.501 денар по која вчера се тргуваа акциите на компанијата.
Новата евиденција на Централниот депозитар за хартии од вредност за акционери кои поседуваат над пет проценти од основната главнина на друштвото сега покажува дека Доне Таневски, кој поседуваше 23,4 проценти од вкупниот број акции продал дел од своите акции во компанијата и сега поседува 17,72 проценти од вкупниот број акции. Втор најголем акционер во „Македонијатурист“ е „Скопски пазар“, компанија којашто ја зголеми сопственоста од 9,9 на 10 проценти од вкупниот број акции, а потоа следуваат „Македонијатурист“ која што поседува 10 проценти од сопствените акции, „Сава пензиски фонд“ (8,80 проценти), „Промедика“ (8,68 проценти), Симеон Павлов(8,19 проценти) и „МГ фешн“ (7,69 проценти).
Прочитај повеќе
„Скопски пазар“ стана втор најголем акционер во „Македонијатурист“
„Скопски пазар“ ја претекна „МГ фешн“ на листата најголеми акционери во „Македонијатурист“.
14.11.2024
Продадени девет блока акции од „Македонијатурист“ за 5,1 милиони евра
Станува збор за акции коишто претставуваат 7,34 проценти од од основната главнина на друштвото.Во сите блок трансакции акциите се продадоа по цена од 9.500 денари за акција.
04.11.2024
Соња Бибановска ги продаде акциите од „Македонијатурист“ за 9,1 милиони евра
Минатата недела беа продадени 50.953 акции коишто претставуваат 11,27 проценти од основната главнина на друштвото.
04.11.2024
„Македонијатурист“ ја тресе берзата: Продаден блок акции за 6,7 милиони евра
Се продадоа 30.741 акција коишто претставуваат 6,80 проценти од основната главнина на друштвото.
19.11.2024
„Македонијатурист“ ја зоврива берзата: Продадени два блока акции за 6,7 милиони евра
Се истргуваа вкупно 43.700 акции коишто претставуваат 9,84 проценти од основната главнина на друштвото.
12.11.2024
„МГ Фешн“ влезе во сопственичката структура на „Македонијатурист“
Компанијата која е дел од „Фешн груп“ купила 7,69 проценти од вкупниот број акции од „Македонијатурист“.
11.11.2024
Продаден блок акции од „Македонијатурист“ за 9,1 милиони евра
Се продадоа 50.953 акции коишто претставуваат 11,27 проценти од основната главнина на друштвото.
30.10.2024
Доне Таневски ја зголеми сопственоста во „Македонијатурист“
Претседателот на Надзорниот одбор на „Македонијатурист“ АД Скопје, се стекна со 5.381 обична акција и сега поседува 105.829 обични акции од компанијата.
03.10.2024
Во „Македонијатурист“ веќе извесен период има обиди за окрупнување на капиталот и битно е да се нагласи дека сопствените акции на компанијата немаат право на глас во овој процес.