Српската компанија „ОДМ колекшнс“ (ODM COLLECTIONS DOO BEOGRAD) ја презема македонската компанија „Диџитал фајнанс интернешнл“ преку купување на сто проценти од сопственичките удели. Српската компанија е присутна во Македонија преку фирма која го носи истото име и функционира во дејноста - агенции за собирање и наплата на сметки и кредитни канцеларии.
„Диџитал фајнанс интернешнл“ е финансиско друштво со главна дејност - друго кредитно посредување. За оваа концентрација на капитал веќе е известена македонската Комисија за заштита на конкуренцијата. Оттаму информираат дека концентрацијата се однесува на пазарот – друго кредитно посредување.
„Врз основа на прелиминарното испитување Комисијата утврди дека предметната концентрација може да потпадне под одредбите на Законот за заштита на конкуренцијата. Сепак конечната одлука по ова прашање е резервирана“, соопшти Комисијата.
Прочитај повеќе

Финансиските друштва во Македонија уриваат рекорди
На ниво на сектор, нето-добивката на финансиските друштва лани се зголемила за 64,6 проценти.
02.10.2024

Финансиските друштва со континуиран раст
Во првиот квартал од годинава вкупниот износ на пласирано портфолио кај финансиските друштва е пораснат за речиси шест милиони евра.
08.08.2024
Комисијата ги повикува заинтересираните трети страни да достават забелешки и мислења за оваа концентрација до овој орган.