„Нисан“ (Nissan Motor Co.) во ноември ќе престане да го произведува своето компактно комбе за да го намали вишокот производство, додека „Хонда“ (Honda Motor Co.) се подготвува да го вклучи производителот на автомобили, кој е во загуба во своето работење.
Производствената единица „Нисан Шетаи“ (Nissan Shatai Co.) не донела никакви одлуки за кратење на работните места, изјави портпаролот на „Нисан“, негирајќи го претходниот извештај на весникот „Јомиури“ (Yomiuri) дека неколку стотици работни места ќе бидат изгубени кога ќе престане производството на комбето.
Комбето сочинува околу 7.000 од вкупно 150.000 автомобили „нисан шетаи“ произведени во текот на фискалната 2023 година во фабриката „Шонан“ во Канагава. Во таа фабрика се произведува и компактното комбе „НВ200“ (NV200). „Нисан“ има удел од 50 проценти во „Нисан Шетаи“.
Прочитај повеќе
Само неколку автомобили имаат реална цена: Тест на германски АДАК
Автомобилите никогаш не биле толку скапи како денес.
16.01.2025
Во ЕУ секое седмо ново возило е со нулта емисија, во Македонија фали нултата
Во 2023 година во ЕУ се регистрирани над 1,5 милион нови патнички возила со нулта емисија на штетни гасови, што е удел од 14,5 проценти во вкупниот број нови регистрации.
16.01.2025
Автомобилите станаа компјутери - некои сепак сакаат враќање на старомодните менувачи
Иако и спортските автомобили главно останаа без менувач, група возачи сакаат нешто што нивните родители го земаа здраво за готово: рачен менувач.
11.01.2025
Се намалуваат нарачките на германските фабрики, а со тоа и на македонските
Нарачките во германските фабрики во ноември опаднаа за дури 5,4 проценти, што е многу полошо од очекувањата на аналитичарите за пад од 0,2 отсто.
08.01.2025
Најголемите 50 - лига на шампиони во трговијата со автомобили
Вкупно, 50-те најголеми трговци со автомобили во 2023 година оствариле приход од 163,9 милијарди евра.
28.12.2024
„Нисан“ веќе најави укинување илјадници работни места и планира да укине една петтина од својот производствен капацитет додека се бори со падот на нето-приходот од дури 94 проценти. Доведен до раб, минатата година „Нисан“ побара спас од „Хонда“, иако оттаму јасно ставија до знаење дека закрепнувањето на „Нисан“ е предуслов за каква било врска меѓу двата производитела на автомобили.
Меѓу 6.700 и 9.000 работни места ќе бидат укинати во производствените единици на „Нисан“. Во Тајланд околу 1.000 работници ќе бидат прераспределени или нивните работни позиции ќе бидат целосно укинати до есеноска, а приближно шест отсто од персоналот во северноамериканската единица поднеле барање за доброволно пензионирање. Портпаролот на „Нисан“ одби да ги коментира таквите написи во весниците.
Историскиот договор со „Хонда“, кој всушност би ги поделил јапонските производители на автомобили во две групи, го стави работењето на „Нисан“ под уште поголем надзор. Се шпекулира дека од „Хонда“ очекуваат „Нисан“ да откупи дел од акциите што ги поседува „Рено“ (Renault SA), околу 35,7 проценти од акциите, за да спречи странско влијание додека се водат преговорите.
„Хонда“ и „Нисан“ треба да ја објават рамката за преговори до крајот на месецов.