text size
Над 18.000 штети осигурителните друштва исплатиле на клиенти кои барале обештетување за медицински трошоци покриено со нивното приватно здравствено осигурување, соопшти Агенцијата за супервизија на осигурување. Годинава, за првпат во историјата на осигурувањето, се случува дури 40 отсто од бројот на сите исплатени штети да бидат за приватно здравствено осигурување. Тој податок е индикатор што јасно укажува на популарноста на овој тип доброволно осигурување, но истовремено и на неговата прекумерна употреба од страна на осигурениците.