text size
Американскиот давател на услуги за стриминг „Нетфликс“ ги надмина очекувањата на аналитичарите во првиот квартал од 2025 година. Имаше приход од 10,5 милијарди долари и профит од 2,89 милијарди долари, покажаа деловните податоци. Оперативните приходи се зголемија за 27 отсто на 3,3 милијарди долари, додека аналитичарите очекуваа 3 милијарди долари. Оперативната маржа се зголеми на 31,7 отсто.