Извршниот директор на технолошката компанија „Астрономер“ поднесе оставка откако беше фатен на камера како ја гушка директорката за човечки ресурси за време на концерт на „Колдплеј“.
Откако двајцата беа ставени на административен одмор, компанијата во саботата објави на Линкедин дека Енди Бајрон си поднел оставка, наведувајќи дека не биле исполнети стандардите за однесување и одговорност.
Настанот од 16 јули привлече светско внимание откако снимка од парот како брзо се кријат откако камерата се насочи кон нив стана вирална. „Блумберг“ сè уште нема независно потврдено кои се двете лица.
„Иако свесноста за нашата компанија можеби се промени преку ноќ, нашиот производ и нашата работа за клиентите остануваат непроменети“, напиша компанијата, која работи со апликации за обработка на податоци.
„Астрономер“ најави дека ќе започне потрага по наследник на Бајрон, а коосновачот Пит Деџој во меѓувреме ќе ја извршува функцијата вршител на должност.
Во моментов нема коментари за веста. Биди прв да коментира...