„Опен-еј-ај“ постигна договор за помош на вработените да продаваат акции од компанијата која е проценета на 500 милијарди долари, со што сопственикот на Чат ГПТ ја надмина „Спејс Икс“ на Илон Маск и стана најголемиот стартап во светот.
Сегашни и поранешни вработени во „Опен-еј-ај“ продале околу 6,6 милијарди долари акции на инвеститори како „Трив капитал“ (Thrive Capital), „Софбанк груп“ (SoftBank Group), „Драгонир“ (Dragoneer Investment Group), „Ем-џи-икс“ (MGX) од Абу Даби и „Ти роу прајс“ (T. Rowe Price), според лице запознаено со трансакцијата. Тоа ја зголеми вредноста на американската компанија далеку над претходната процена од 300 милијарди долари во финансирање предводено од „Софтбанк“ претходно оваа година.
Овој брз раст ја нагласува инвестиционата еуфорија околу лидерите во технологија која има потенцијал да го трансформира глобалниот индустриски и економски пејзаж. Компанијата на Сем Алтман, „Опен-еј-ај“, е една од неколкуте – заедно со „Енвидија“ – кои водат глобален напор за изградба на дата-центри и развој на услуги со вештачка интелигенција, потфат што се очекува да чини билиони долари. Иако сè уште не остварила профит, „Опен-еј-ај“ го поттикнува тој инфраструктурен бум преку огромни договори со компании како „Оракл“ (Оracle) и „Ес-кеј хиникс“ (SK Hynix).
Прочитај повеќе

САД со вештачка интелигенција ќе се борат против ракот кај деца
Нов чекор во борбата за напредни медицински решенија, Трамп потпиша директива за користење вештачка интелигенција во истражувањето на ракот кај деца...
01.10.2025

ВИ против свирчињата: Дали судиите ќе исчезнат од спортот?
Улогата на судиите во спортот поминува низ најголемата трансформација во модерната историја. Напредокот на вештачката интелигенција и следењето на податоци веќе го поставуваат прашањето — дали, и кога, технологијата целосно ќе ги истисне „делителите на правдата“ од теренот
пред 23 часа

Величествените седум се минато, доаѓаат нови лидери во вештачката интелигенција
Нови гиганти за вештачка интелигенција го освојуваат пазарот! Прочитајте кои имиња се во налет и брзаат да ја заменат старата гарда...
30.09.2025

„Епл“ треба да претстави апликација во стилот на ЧетГПТ
„Епл“ тајно развива четбот - дали ќе го направи достапен за сите и ќе го промени својот пристап кон вештачката интелигенција?
29.09.2025
Претставници од „Трив капитал“, „Драгонир“ и „Ти роу прајс“ не одговориле веднаш на барањата за коментар. Портпаролите на „Опен-еј-ај“ и „Софбанк“ одбиле да коментираат.
Овој договор ја поставува „Опен-еј-ај“ над процената од 400 милијарди долари на „Спејс Икс“. Тој момент се совпаѓа со клучен период за компанијата, која преговара со „Мајкрософт“ за трансформација во традиционална профитна компанија. „Опен-еј-ај“ беше основана во 2015 година како непрофитна организација посветена на напредокот на дигиталната интелигенција „на начин кој најмногу ќе ѝ користи на човештвото“. Планираните промени ќе ѝ дадат контрола на постоечката непрофитна организација врз новата корпорација со јавна корист.
Bloomberg
И Алтман и Маск, коосновачи на „Опен-еј-ај“, зборувале за потенцијалниот егзистенцијален ризик од вештачката интелигенција. Но, нивните патишта се разделија: Маск поднесе тужба за да го спречи реструктурирањето, обвинувајќи ја „Опен-еј-ај“ дека ги прекршила ветувањата кон него кога ја основал непрофитната организација. Тој тврди дека компанијата го напуштила основниот принцип кога прифатила милијарди долари поддршка од „Мајкрософт“ од 2019 година, една година по неговото заминување од управниот одбор.
Во деловниот аспект, „Опен-еј-ај“ се соочува со сè поголема конкуренција за таленти во областа на вештачката интелигенција, додека големите технолошки компании се борат за потребните ресурси. „Мета“, на пример, агресивно регрутира истражувачи од „Опен-еј-ај“ и други водечки лаборатории за својот нов тим за „суперинтелигенција“, нудејќи пакети за плата во деветцифрен износ.
Продажбата може да помогне „Опен-еј-ај“ да ги мотивира вработените да останат во компанијата и да ги одбијат тие раскошни понуди.
Големите американски стартапи често договараат продажба на акции за своите вработени како начин за награда, задржување и привлекување надворешни инвеститори. „Опен-еј-ај“ сака да ја искористи побарувачката од инвеститорите за да им обезбеди ликвидност на вработените што ја одразува растечката вредност на компанијата.
Вкупниот број на продадени единици во продажбата бил помал од дозволените над 10 милијарди долари акции, според лицето запознаено со процесот. Тоа може да значи дека сегашни и поранешни вработени покажуваат доверба во долгорочната одржливост на бизнисот.
На долг рок, „Опен-еј-ај“ се соочува со растечки притисок од конкуренти како „Гугл“ и „Антропик“, кои исто така брзо собираат капитал. Како одговор, компанијата започна серија нови технолошки производи.
Меѓу нив се два отворени и слободно достапни модели на вештачка интелигенција кои можат да го имитираат човечкиот процес на расудување, неколку месеци по глобалното внимание што го доби кинескиот „Дипсик“ со својата отворена платформа. „Опен-еј-ај“ го објави својот најмоќен модел ГПТ-5 во август, со цел да ја зацврсти својата водечка позиција во сè погустата конкуренција.
Во моментов нема коментари за веста. Биди прв да коментира...