text size
„Комерцијална банка“ АД Скопје во име и за сметка на „Сервис Петрол“ ја објави понудата за преземање на сите акции издадени од „Фабрика Карпош“ АД Скопје. Понудата за преземање се однесува на сите 62.078 обични акции со право на глас издадени од „Фабрика Карпош“ АД Скопје. Преземачот се обврзува да ги откупи сите 62.078 обични акции со право на глас по цена од 350 денари по акција.