Компанијата „Волт Дизни“ соопшти дека Џош Д’Амаро ќе го наследи Боб Ајгер како главен извршен директор на забавниот гигант, со што завршува тригодишната потрага по замена за долгогодишниот лидер.
Д’Амаро, кој има 28 години искуство во компанијата, ќе го преземе местото на Ајгер почнувајќи од 18 март, соопшти компанијата со седиште во Бурбанк, Калифорнија, во вторникот.
Како раководител на дивизијата „Дизни икспириенсис“ (Disney Experiences) - најголемиот извор на профит на компанијата - Д’Амаро, 54 годишен, беше избран меѓу неколку внатрешни кандидати кои беа во трка за наследник на Ајгер. Меѓу нив беа Дана Волден, ко-претседател за забава и шеф на телевизија; Алан Бергман, исто така ко-претседател за забава и шеф на филмската продукција; и Џими Питаро, претседател на „И-ес-пи-ен“ (ESPN).
Прочитај повеќе
Документарна серија за Тејлор Свифт пристигнува на „Дизни+“
„Волт Дизни“ најави документарна серија за турнејата „Ерас тур“ на Тејлор Свифт, која ќе им овозможи на обожавателите ексклузивен поглед зад сцената на најпрофитабилната концертна турнеја на сите времиња.
14.10.2025
Кимел се врати на ТВ-екраните со длабоко извинување, но тоа не е доволно за Трамп
Џими Кимел се врати на телевизија, извинувајќи се за контроверзните изјави и одговарајќи на критиките од Трамп.
24.09.2025
Како „Дизни“ научи да ги сака своите возрасни суперфанови
Од специјално дизајнирани производи до специјализирани апликации за запознавање, најсреќното место на земјата сè повеќе се грижи за „детинестата“ економија, според книгата на авторката што ја претвори својата љубов кон „Дизни“ во успешен бизнис.
21.08.2025
Според компанијата, Ајгер лично бил ментор на потенцијалните наследници, во обид управниот одбор да обезбеди непречен процес на наследување по претходните неуспешни обиди.