Можна ли е нова инвестиција во македонскиот банкарски сектор преку влез на реномиран меѓународен бренд е прашање кое заслужува внимание откако менаџментот на „Комерцијална банка“ АД Скопје во програмата на мерки и активности на деловната политика и финансискиот план на банката за 2026 година наведе дека обврската за евентуалното привлекување стратешки инвеститор останува една од приоритетните цели и задачи.
„Во 2026 година останува обврската на банката дека, доколку акционерите на ‚Комерцијална банка‘ АД Скопје обезбедат контролен пакет на акции и утврдат соодветни параметри, менаџментот на банката ќе презема соодветни постапки, мерки и активности за евентуално привлекување потенцијален странски стратешки инвеститор“, пишува во програмата на мерки и активности на деловната политика и финансиски план на „Комерцијална банка“ за 2026 година.
Во документот се додава дека стратешкиот инвеститор би требало да ги исполни следните услови: да претставува банка чие име е реномиран меѓународен бренд, понудата да ја одразува реалната вредност на акциите на „Комерцијална банка“ и да достави стратешки план за идниот развој на банката.
Прочитај повеќе
Менаџментот на „Комерцијална банка“ предлага дивиденда од 1.350 денари за 2025.
Се планира исплата на бруто-дивиденда во вкупен износ од 3,07 милијарди денари (50 милиони евра).
30.01.2026
„Комерцијална банка“ лани оствари добивка од 82,5 милиони евра
Заголемување за 3,1 проценти во однос на претходната година.
29.01.2026
Кои се најуспешните банкарски акции во Македонија?
И покрај импресивните приноси од 2023 до 2025 година, акциите на македонските банки бележат побавен раст во 2025 година, иако сè уште го надминуваат индексот МБИ10, кој порасна за еден процент.
19.11.2025
Хари Костов и Илија Илоски – последните мохиканци што не се откажуваат од своето чедо
Ѓорѓи Јанчовски и Глигор Бишев си заминаа од раководните функции откако ги исполнија условите за пензија.
18.12.2024
„Златна кокошка“
„Комерцијална банка“ е една од најголемите банки во Македонија која континуирано остварува одлични резултати.
Банката има значително пазарно учество во повеќе сегменти и ја заврши минатата година со добивка од рекордни 82,5 милиони евра.
Банката од година во година ја зголемува дивидендата што им се исплаќа на акционерите, што покрај позитивните резулати е една од главните причини поради кои нејзините акции важат за најатрактивни на Македонската берза.
Тоа најдобро го отсликува и растот на вредноста на акцијата на банката која од 2023 година наваму е зголемена за повеќе од два пати.
Станува збор за една од двете банки во Македонија во чија сопственичка структура се уште преовладуваат домашни акционери.
Имено, по неодамнешната продажбата на „Стопанска банка“ АД Битола на српската „Алта банка“, единствени две приватни банки кои останаа во претежна сопственост на домашни акционери се „Комерцијална банка“ и „ТТК Банка“.
Голем интерес за македонските банки
„Блумберг Адрија“ неодамна пишуваше дека странци „се тепаат“ да влезат во македонскиот банкарски сектор. Тогаш Мирослав Марчев, управен партнер во ПвЦ (PwC) За Македонија на прашањето во кој дел од финансискиот сектор во нашата земја постои интерес за стекнување или основање нови бизниси, одговори дека тоа е дефинитивно банкарскиот сектор.
Тој додаде дека во ПвЦ постојано имаат клиенти и потенцијални клиенти, меѓу кои банкарски друштва и фондови што не се присутни на овие простори, а кои би сакале да имаат банка во земјава. Во однос на причините за интересот, Марчев објасни дека некои од нив сакаат да ја имаат Македонија во боите на својата корпоративна мапа, а други сакаат да имаат банка во земјава за да бидат чекор поблиску до Европската Унија.
„Интерес има голем. Тука доаѓа прашањето зошто нема трансакции. Основната причина зошто нема нови трансакции се преголемите ценовни очекувања на сопствениците на банките“, рече Марчев.
Сепак, тој додаде дека во ПвЦ очекуваат во одреден момент да има некакво раздвижување.
„Извесно е дека потенцијалниот купувач и потенцијалниот продавач ќе се договорат и трансакција ќе има“, вели Марчев.