text size
„Антропик“ (Anthropic) го финализираше договорот за прибирање 30 милијарди долари од инвеститори, со што вредноста на компанијата е проценета на 380 милијарди долари, вклучително и новиот капитал. Со тоа дополнително се зацврстува позицијата на компанијата за вештачка интелигенција, која сѐ повеќе се приближува до ривалот „Опен еј-ај“ (OpenAI).