Во динамичниот свет во кој времето е највредната валута, банкарството повеќе не смее да биде комплицирана обврска. Луѓето сакаат брзина, контрола и едноставност – можност своите финансии да ги управуваат кога и каде што ним им одговара. Токму затоа се развиваат флексибилните онлајн банкарски пакети што заштедуваат време, пари и одење до шалтер.
Иако повеќе од 90 отсто од Македонците користат интернет, според анализата на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија, а речиси сите од нив секојдневно, само 43 отсто користат интернет-банкарство, наспроти 72,4 отсто во Европската Унија. Овој јаз покажува дека постои голем неискористен потенцијал. Некои од причините се нејасните провизии, различните надоместоци и сложените услови што ги збунуваат корисниците.
За да ги надминат овие дилеми, банките сè почесто нудат дигитални пакети „сѐ на едно место“, со јасни правила и симболичен месечен надомест. На тој начин корисниците добиваат повеќе услуги по пониска цена, со поголема транспарентност и удобност во управувањето со своите финансии.
„УНИ банка“ АД Скопје со пакетот УНИ флекс (УНИFlex) е пионер во поставувањето на овој вид концепт, кој е создаден со цел да влијае на навиките на модерниот човек без да го ограничува временски или просторно.
Овозможен е целосен комфор при користењето на банкарските услуги, со истовремена значителна заштеда. За само 199 денари месечно, ако го активирате пакетот, имате можност да плаќате електронски колку што сакате, без провизија, без оглед дали плаќањето е интерно, КИБС или МИПС. Дали за плаќање на некоја сметка за комунални услуги или, пак, за градинка за вашето дете, сеедно, вие не плаќате никаков надомест.
Или, пак, можеби ви притребало готовина, а немате во близина банкомат од вашата банка? Не мора да се плашите дали ќе ви се наплати провизија од 200, 300 или 500 денари за подигање на само 1.000 или 2.000 денари, УНИ флекс го решава и тоа – можете колку пати сакате во месецот да подигнете пари од туѓ банкомат, со дебитните картички на „Виза“ (Visa) и „Мастеркард“ (Mastercard), исто така, без провизија.
Со пакетот не плаќате никаков месечен надомест ниту за одржување на денарската сметка на физичко лице ниту пак месечна членарина за дебитна картичка, за оние клиенти што не земаат плата во „УНИ банка“, бесплатно добивате и известувања преку мобилната апликација. Практично, сè што ви е потребно е на едно место. Без скриени трошоци, без комплицирани процедури, без губење време. Дополнително, сите нови корисници можат да го користат пакетот бесплатно во првите три месеци, за сами да ја почувствуваат разликата што ја носи дигиталната флексибилност.
Затоа, прашањето повеќе не е дали дигиталното банкарство е иднината, туку дали сте подготвени да ја искористите неговата предност уште денес. Во време кога секој денар и секоја минута се важни, изборот на вистински пакет значи помалку трошоци, помалку грижи и повеќе контрола врз сопствените финансии. Наместо банкарството да ви одзема време, нека работи во ваша полза – едноставно, транспарентно и флексибилно.