text size
Вкупната вредност на извозот на стоки од Македонија во периодот јануари - август 2023 година изнесува 5,5 милијарди евра и бележи пораст од 1,9 отсто во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока во периодот јануари - август 2023 година изнесува 7,3 милијарди евра, што е за 7,6 отсто помалку во споредба со истиот период од претходната година.