text size
Дигиталните токени, издадени со постапка на токенизација, на пример хартии од вредност или други средства, се чини дека добиваат законски рамки. Во Европа на крајот на март во сила ќе стапи регулативата за надзор на издавање дигитални токени, а во Србија таквото законодавство се применува веќе над една година. Досега само една компанија успеа да издаде дигитални токени, „Финспот“ (Finspot). Какво е нивното искуство и што може да очекуваме во Европа?