Биткоинот падна на најниско ценовно ниво за речиси седум недели, со што продолжува дополнителното повлекување на токенот од рекордот поставен во средината на август.
Во рамките на денешното азиско тргување вредноста на најголемата криптовалута падна дури за 0,8 проценти, на 108.719 долари, а наедно се лизна под својот стодневен просек на движење, покажуваат податоците собрани од „Блумберг“.
XBTUSD:CUR
XBT-USD Cross Rate
110.132,15 USD
+557,36 +0,51%
почетна цена
109.574,79
претходна цена на затворање
109.574,8
промена од почетокот на годината
17,7513%
дневен опсег
108.719,95 - 110.644,73
опсег на 52 недели
74.424,95 - 124.514,62
Подоцна, во рамките на европското тргување, биткоинот се движеше на ниво од околу 110.095 долари, а етерот беше околу 4.420 долари.
Прочитај повеќе

Што треба да се случи за биткоинот да достигне милион долари
Оригиналната криптовалута веќе достигнуваше цени што многу скептици ги сметаа за невозможни.
21.08.2025

Биткоинот порасна до нов рекорд бидејќи инвеститорите купуваат поризични средства
Криптовалутата порасна над 123.500 долари во средата вечер во Њујорк, надминувајќи го претходниот рекорд од 123.205,12 долари достигнат на 14 јули.
14.08.2025

„Галакси“, „Џамп“ и „Мултикоин“ собираат 1 милијарда долари за купување токени солана
Договорот би обединил три од најголемите имиња во криптоиндустријата, кои ја поседуваат најголемата постојна резерва на солана, а која би се зголемила за повеќе од двојно.
25.08.2025

Ќе станат ли стабилните коини новата светска валута, а каде е Македонија?
Стабилните коини ја менуваат играта во банкарството – моментални глобални плаќања, целосна регулација и дигитален кеш 24/7. Дали иднината на парите веќе е тука?
04.08.2025

Волстрит ги менува правилата за тргување со биткоин
Некогаш управувана од офшор трговски простори и ентузијазам воден од малопродажбата, најголемата светска криптовалута сега сè повеќе се проценува и се управува во рамките на американскиот финансиски систем.
29.07.2025
Падот доаѓа во услови кога етерот добива на интензитет како жежок избор за трговците со дигитални средства, откако втората по големина дигитална валута во неделата достигна рекордно високо ниво од 4.955 долари. Етерот исто така малку се повлече од викендот, иако инвеститорите и натаму се обложуваат дека овој токен ќе продолжи да расте.
Bloomberg Mercury
Во август американските биткоин-фондови со кои се тргува на берза забележаа над една милијарда долари нето повлекувања, додека фондовите поврзани со етер привлекоа прилив од 3,3 милијарди долари, што е најјасен знак досега за ротација на инвеститорите во корист на етерот.
Меѓутоа, засега инвеститорите и во двата токена бележат загуби.
„Ова беше крвав почеток на неделата за големите токени, со над 900 милиони долари ликвидација на криптопазарите“, рече Шон Досон, раководител за истражување во „Дирајв“ (Derive.xyz).
Bloomberg Mercury
Податоците за дериватите исто така сугерираат дека се зголемува претпазливоста. Досон предупредува дека трговците се подготвуваат за можни повторни тестирања на ценовните граници од 100.000 долари за биткоинот и 4.000 долари за етерот.
Во моментов нема коментари за веста. Биди прв да коментира...