text size
Гордана Вуњак-Новаковиќ е редовна професорка по биоинженерство и медицински науки на универзитетот „Колумбија“ во Њујорк. Таа е најцитираната српска научничка во историјата, според податоците на мултидисциплинарните индекси од литературата во списанијата за наука, општествени науки, уметност и хуманистички науки „ИСИ веб оф сајенс“ (ISI Web of Science) и „ИСИ гугл оф сколар“ (ISI Google Scholar), а во исто време е и една од најцитираните научници на сите времиња од кој било сектор воопшто.