text size
Кога на 59-годишна возраст останал без работа по речиси три децении поминати во голем корпоративен систем, Драган не размислувал за „нов почеток“. Го загрижувало само како да ја задржи кредитната способност и да му објасни на семејството дека компанијата во која го поминал најголемиот дел од работниот век повеќе нема место за него. Денес е сопственик на агенција за продажба на недвижности и вели дека заработува повеќе од порано. Тој додава дека токму искуствата стекнати во текот на претходната кариера, широката мрежа на контакти и развиените преговарачки вештини значително му го олесниле преминувањето во нова дејност и станале негов највреден капитал.