text size
Агресивниот економски национализам е многу популарен во Вашингтон. Повиците „Да ја направиме Америка повторно голема“ (англ. MAGA – Make America Great Again) доаѓаат од Белата куќа, а во многу делови од земјата истиот слоган може да се прочита на црвените капи што се сеприсутни. Иако точните контури на оваа програма остануваат нејасни, таа вклучува нагло зголемување на царините во корист на домашните индустрии и чудни неоколонијални шеми што ги вклучуваат Гренланд, Панама и Канада, предлози за владино преземање приватни компании и напори предводени од Вашингтон за обезбедување пристап до суровини. „Да ја направиме Америка повторно голема“ - МАГА се чини дека бара масовна владина интервенција, не само намерна политизација на пазарот туку и личен совет од претседателот за тоа како да се водат одредени компании. („Разговарав со ‘Кока-Кола’ (Coca-Cola) за користење вистински шеќер од трска во ‘кока-колата’ во САД“, напиша американскиот претседател Доналд Трамп во објава на Инстаграм во јули.)