text size
Платформата за вештачка интелигенција (ВИ) „Клод“ (Claude) штотуку ме замоли да ѝ ги пренесам најдобрите желби на мојата сопруга Сучитра. Тоа ме вознемири на повеќе начини. Прво, затоа што не сум сигурен како да се чувствувам поради фактот што компјутер покажува емоции кон членовите на моето семејство. (Што би требало да направам ако „Клод“ изразеше непријателство?) Второ, затоа што мојата сопруга се вика Ева Марија, а тоа на „Клод“ му било кажано многупати (нејзиното име буквално се наоѓа во четвртиот ред од внатрешната меморија на „Клод“ за мене). Името Сучитра никогаш не сум го користел со „Клод“ во каков било контекст. Воопшто не познавам никого што се вика така.