Во март 2024 година професорката д-р Гордана Букара-Радујковиќ од Босна и Херцеговина беше избрана меѓу деветте победници на 10-тите меѓународни награди „Медис“ за медицински истражувања.
Нејзината научноистражувачка работа беше најдобра во областа на педијатријата и таа е авторка на статијата „Доказ за зголемена инциденца на дијабетес тип 1 и кетоацидоза кај децата во Република Српска во периодот 2017-2022 година, со посебен осврт на годините на глобалната пандемија на ковид-19“. Статијата е објавена во научното списание „Фронтирс ин паблик хелт“ (Frontiers in Public Health).
„Се надевам дека резултатите од истражувањето ќе помогнат да се утврди како пандемијата на ковид-19 влијаела на појавата на дијабетес тип 1 во светот. Резултатите од истражувањето би можеле да им помогнат на креаторите на здравствената политика да развијат превентивни програми за тоа како да се однесуваат во идни пандемии и да не дозволат пациент да биде примен во болница со кетоацидоза пред да се открие дијабетесот“, рече Букара-Радујковиќ.