Сингапур го престигна Хонгконг и стана најголемиот финансиски центар во Азија - и трет по големина во светот - според нов извештај, со Њујорк и Лондон на првото и второто место.
Хонгконг падна на четвртото место, погоден од строгите ограничувања поради Ковид-19 и егзодусот на работна сила, додека Сан Франциско се искачи за две места за да ја заокружи првата петорка во Индексот на глобалните финансиски центри (анг. Global Financial Centres Index - GFCI).
Хонгконг се бори повторно да ја заживее својата улога како глобален финансиски центар додека продолжува да го следи водството на Кина во обид да ги сведе случаите на Ковид-19 на минимум додека остатокот од светот се отвора. Самитот на глобалните банкари во ноември, смислен да ја врати довербата во градот, обезбеди ветување од околу 20 водечки фирми дека ќе испратат врвни директори. Но, неизвесноста околу олеснувањето на правилата за карантин, што го одржува бројот на посетители низок, продолжува да се заканува дека ќе влијае врз одзивот.
Сингапур, од друга страна, очекува повеќе од четири милиони посетители во 2022 година. Серија настани од висока категорија, вклучувајќи го Азискиот самит на Институтот Милкен, Глобалната конференција на извршни директори на Форбс и Големата награда на Сингапур, ќе помогнат да се подигне туристичкиот профил на градот.
Кинеските градови Шангај, Пекинг и Шенжен ги задржаа своите места во топ 10 GFCI, и покрај мерките за ублажување на Ковид-19, кои ефективно ја отсекоа земјата од остатокот од светот.
Други наоди во извештајот
- Париз се врати во топ 10, додека Токио падна на 16. место
- Сиднеј скокна за 10 места на 13. место
- Дубаи и Абу Даби се победници на Блискиот Исток, рангирани на 17. и 32. место, соодветно
- Руските финансиски центри страдаат од војната во Украина, при што Москва падна за 22 места на 73., а Санкт Петербург 17 места на 114.
- Барбадос, Ксиан и Вухан се трите најлошо рангирани локации на листата
Индексот, составен од истражувачките центри Z/Yen Partners и кинескиот Институт за развој, рангира 119 финансиски центри и користи податоци собрани од илјадници професионалци за финансиски услуги кои одговараат на онлајн прашалник.
Листа на 20 најголеми финансиски центри
- Њујорк, САД
- Сингапур
- Хонгконг
- Сан Франциско, САД
- Шангај, Кина
- Лос Анџелес, САД
- Пекинг, Кина
- Шенжен, Кина
- Париз, Франција
- Сеул, Јужна Кореја
- Чикаго, САД
- Сиднеј, Австралија
- Бостон, САД
- Вашингтон, САД
- Токио, Јапонија
- Дубаи, Обединети Арапски Емирати
- Франкфурт, Германија
- Амстердам, Холандија
- Женева, Швајцарија