Хрватската полиција, во соработка со УСКОК (Управата за сузбивање на корупција и организиран криминал) утрово започнале уште една акција за апсења, поврзана со неодамна откриениот скандал со гас во компанијата ИНА, при што сега се приведени уште две лица, јави „Јутарњи лист“ повикувајќи се на неофицијални извори.
Во аферата со која ИНА, наводно е оштетена за стотици милиони куни, неодамна беа уапсени директорот на ИНА, Дамир Шкугор и косопствениците на компанијата ОМС-Менаџмент, Горан Хусиќ и Јосип Шурјак, како и директорката на Плинара Источна Славонија, Марија Раткиќ.
Во понеделникот во рамки на истрагата уапсени биле и колегата на Шкугор од ИНА, Стјепан Леко и директорот на компанија за трговија со гас, Владо Мандиќ. Истрагата покажала дека „постоела уште една слична, паралелна 'приказна' во која директорите од ИНА се обидeле да остварат дополнителен личен профит преку тргување со гас со друга компанија“, наведува „Јутарњи“, додавајќи дека веројатно не станува збор за огромни суми како во случајот Дамир Шкугор и ОМС.
Прочитај повеќе
Откриен сметководствен вентил преку кој гасот на ИНА истече во странство
Извештајот не покажува дека 'ОМС-менаџмент' продавал гас на странска компанија.
31.08.2022
Стјепан Леко е управител за продажба на гас и енергија во ИНА и бил заменик на претходно обвинетиот Шкугор, а во исто време потпишувал и договори за продажба на гас. Владо Мандиќ е директор на компанијата EVN Croatia Plin, која беше еден од четирите големи добавувачи на кои ИНА им продаваше гас, како и Плинара Источна Славонија, пишува „Јутарњи“.
Шкугор преку Плинара Источна Славонија евтино го продавал гасот на ИНА на ОМС, од каде потоа го продавале на друга компанија по значително повисока цена.