Високиот претставник на Европската Унија (ЕУ) за климата, Франс Тимерманс, рече дека ЕУ е подготвена да отстапи од преговорите со Обединетите нации (ОН) во Египет во врска со климата ако не се постигне напредок во одржувањето на целта глобалното затоплување да се ограничи на 1,5 Целзиусов степен до крајот на векот.
„Уште е на дофат позитивен исход на климатскиот состанок на КОП27 во египетскиот поморски град Шарм ел Шеик“, рече Тимерманс. Разговорите, кои требаше да завршат во петокот, се продолжени за уште еден ден, за земјите да можат да постигнат договор за климатските мерки.
„Загрижени сме. ЕУ повеќе е за да нема никаква отколку да има лоша одлука“, рече Тимерманс на прес-конференцијата, на која присуствуваше заедно со министерот за животна средина на ЕУ.
Прочитај повеќе
На автопатот кон климатскиот пекол и Македонија ќе јаде поскапа храна
Глобалното затоплување го забрзува животниот циклус на растенијата, што доведува до помал квалитет и квантитет на приносот.
16.11.2022
ЕУ во четвртокот се обиде да го прекине застојот од околу две недели во преговорите, со предлог за забавување на финансиските инструменти за плаќање загуби и штети што ги предизвикуваат климатските промени во најранливите земји во светот. Во замена за тоа, ЕУ сака земјите да се насочат кон достигнување на врвот на емисија во светот пред 2025 година и постепено да ја намалат употребата на фосилни горива.
Понудата од ЕУ одговара на барањата на земјите во развој што најмногу се погодени од екстремните временски непогоди, поттикнати од глобалното затоплување што тие самите не го поттикнаа.
Барањето за постепено укинување на сите фосилни горива е само еден чекор во однос на тоа што земјите го договорија на КОП26 во Глазгов минатата година, дека постепено ќе ја укинат емисијата од употреба на јаглен.
„ЕУ е обединета во нашата амбиција да одиме напред и да го градиме тоа што го договоривме во Глазгов. Нашата порака до партнерите е јасна: не може да прифатиме определбата за 1,5 Целзиусов степен максимално глобално затоплување да умре овде и денес“, рече Тимерманс.
„Претседателството на КОП27 работеше цела ноќ за да собере ставови од различни земји и да осмисли текст што ќе ги урамнотежи сите позиции“, рече претседателот на состанокот и египетски министер за надворешни работи, Саме Шукри.
„Мнозинството земји ми назначија дека го сметаат текстот за урамнотежен и дека претставува напредок што би можел да доведе до консензус. Секоја земја има полно право да се придружи или да не се придружи“, рече Шукри.