Граничните службеници на лондонските аеродроми „Хитроу“ и „Гетвик“ ќе штрајкуваат во текот на божиќните празници, што претставува закана од хаос во патувањата во текот на празничниот период.
„Работниците во кабините за контрола на пасошите од 23 до 25 декември и од 28 до 31 декември ќе излезат на протест поради спорот за платите“, рекоа денеска од синдикатот на јавни и комерцијални услуги.
Штрајковите ќе влијаат и на другите аеродроми, како во Манчестер, Бирмингем, Кардиф и Глазгов, како и на аеродромот во Њу Хевн.
Железничките синдикати веќе најавија бран штрајкови закажани за овој месец и за јануари, вклучувајќи и еден за време на божиќниот период.
„Нашите членови се борат со кризата од трошоците на живот. Тие се очајни“, рече шефот на ПЦС (PCS), Марк Сарвотка.