Од вкупно 1.781 населени места во Македонија, 205 се целосно испразнети, 684 населени места се со помалку од 100 жители, додека 218 населени места се со помалку од 10 жители, покажуваат новите податоци од Пописот 2021 година што денеска ги објави Државниот завод за статистика. Анализата на податоците покажува дека има над триесетина села во кои живеат по еден или двајца жители.
Според ДЗС, во главниот град Скопје живеат 526.502 жители, има 171.171 домаќинство и 213.850 станови. Населено место со најголем број на жители е Аеродром со 75.108 жители, а потоа следуваат градовите: Куманово со 75.051 жител, Битола со 69.287 жители, Прилеп со 63.308 жители, Тетово со 63.176 жители итн.
Според бројот на домаќинства, најмногу домаќинства има во населеното место Аеродром (27.026), па следуваат градовите: Битола со 24.974, Куманово со 23.451, Прилеп со 22.763, Тетово со 17.948, а во 381 населено место има ѝ 10 и помалку домаќинства.
Најмногу станови има во Аеродром (34.415), а во 116 населени места има помалку од 10 станови.
Населени места со најмногу младо население на возраст од 0 до 14 години се: Чаир, Аеродром, Куманово и Тетово, а со старо население на возраст од 85 и повеќе години се населените места: Карпош, Центар, Битола, Прилеп, Велес, Охрид итн.