Кина повторно се отвора, дозволувајќи им на своите 1,4 милијарди луѓе да доаѓаат и да си одат главно без ограничувања, но истовремено голем број други земји ги заоструваат мерките за патниците од втората по големина економија во светот. Тие се загрижени за можно цунами од нови варијатни на ковид.
Во целосен и изненадувачки пресврт на нејзината политика „ковид нула“, Кина ги отстрани речиси сите пандемични ограничувања буквално преку ноќ. Тое резултира со неконтролирано ширење на вирусот, при што речиси 37 милиони луѓе веројатно биле заразени во еден ден минатата недела.
Од 8 јануари, Кина, исто така, ќе го укине барањето за карантин за влезните патници, чекор што се смета дека ја зголемува веројатноста луѓето да патуваат во странство по речиси три години целосна изолација.
Прочитај повеќе
Пад на акциите во Европа поради ширењето на ковид во Кина
Инвеститорите се загрижени за можно распламтување на пандемијата
29.12.2022
Шангај повторно ги затвора училиштата поради ширење на ковид
Само некои ученици ќе посетуваат настава од понеделник, а се размислува и за други мерки.
17.12.2022
Не се вакцинираме веќе, „Фајзер“ и „Астра Зенека“ со рекордна заработка
Според процените на „Блумберг“, акционерите во двете компании допрва ќе ги тријат рацете.
01.12.2022
Со оглед на тоа што Кина имаше масивен пазар за надворешен туризам пред пандемијата, другите земји сега стануваат претпазливи за ризиците од оживување на инфекции кај нивната популација.
Ги издвојуваме земјите кои воведуваат мерки за контрола за патници од Кина.
Соединетите Американски Држави
САД пд 5 јануари ќе бараат од патниците на авиокомпаниите кои доаѓаат од Кина да покажат негативен резултат од тест за „ковид-19“, без оглед на нивната националност или статус на вакцинација.
Патниците кои исто така биле во земјата 10 дена пред нивното заминување во САД ќе мора да покажат или негативен ПЦР или тест за антиген, соопштија федералните здравствени власти во средата. Условот важи и за патниците од Хонг Конг и Макао.
Патниците кои биле позитивни на тестот повеќе од 10 дена пред да патуваат може да достават документација и доказ за закрепнување од ковид наместо негативен резултат од тестот. Авиокомпаниите ќе треба да го потврдат негативниот тест за Ковид или документацијата за закрепнување пред да се качат на кој било лет за САД.
Италија
Италија воведе задолжителен брз тест за ковид-19 за сите патници кои влегуваат во земјата од Кина, се вели во соопштението на Министерството за здравство. Новата мерка се однесува и на патниците во транзит.
Првата европска нација што беше тешко погодена од Ковид на почетокот на 2020 година, Италија, исто така, ги повикува другите земји во регионот да усвојат колективен договор за тестирање, со оглед на тоа што тие се дел од отворената гранична Шенген зона.
Овој потег уследи откако властите во Милано претходно соопштија дека речиси половина од патниците на два лета од Кина биле позитивни на вирусот. Повеќето не покажуваа никакви симптоми.
Тајван
Луѓето кои патуваат од копното на Кина до Тајван во текот на јануари ќе бидат предмет на ПЦР тестирање по пристигнувањето, според тајванските центри за контрола на болести. Оние кои ќе бидат позитивни ќе треба да служат петдневен домашен карантин.
Јапонија
Јапонската влада воведе итни мерки за ковид од 30 декември за да ги заостри ограничувањата за патување од Кина. Властите сега бараат од патниците од копното на Кина и од оние кои биле таму во рок од седум дена да спроведат тест за ковид по пристигнувањето и да бидат ставени во карантин една недела ако тестираат позитивно.
Директните летови од континентална Кина, Хонг Конг и Макао ќе бидат прифатени само на одредени аеродроми, а од авиокомпаниите е побарано да не го зголемуваат сегашниот број на летови.
Малезија
Малезија работи на подобрување на својот систем за дигитално управување за да ги следи поединците кои имаат позитивен резултат од тестот ковид. На позитивните случаи ќе им биде даден налог за домашен надзор и налог за ослободување дигитално.
Индија
Индија соопшти дека од 1 јануари ќе го направи ПЦР тестот задолжителен за луѓето кои доаѓаат од Кина, Хонг Конг, Јапонија, Јужна Кореја, Сингапур и Тајланд.