Инфлацијата во мај стигна до речиси 12% и е највисока од осомастојување до денес. Според последните податоци на Државниот завод за статистика, трошоците на животот минатиот месец во однос на апруил се зголемиле за два, а во однос на мај лани за 11.9 отсто.
За еден месец поскапеле сите прехранбени производи. Во однос на април најмногу поскалепо малсото, потоа шеќерот и кондиторските прозиводи, млекото, лебот, овошјето, зеленчукот. Во однос на април поскапи биле и медицинските услуги, горивата, производите за лична хигиена.
Во однос на истиот период лани пак, поскапувањата се драстични. Цената на маслото за јадење е зголемена за 40%, на лебот над 20, млекото, сирењето и јајцата за 16 осто. Голем раст на цените има кај овошјето и зеленчукот, кои пораснале за 11,5, односно 18,5 %. Според статистиката,општо храната во мај поскапела за 17%, енергенсите за 8, а транспортот, поради високите цени на горивата, за дури 24%.
Експертите стравуваат дека инфлацијата ќе продолжи да расте и во јуни, затоа што голем дел од антикризните мерки, кои спречуваа пораст на цените кај основните прехранбени производи, од почетокот на овој месец веќе не важат. Во оваа недела цените растат најбрзо досега. Бензините поскапеа за 15, дизелот за 16 денари, а основните прехранбени производи имаат и за 20 отсто повисоки цени во споредба со периодот кога важеа владините мерки.