Британскиот премиер Риши Сунак ќе им забрани на членовите на кабинетот да ја користат апликацијата Тикток (TikTok) на официјалните телефони поради безбедносни причини, изјавија извори запознаени со плановите.
Забраната ќе важи за јавните функционери и службеници, додаде извор на „Блумберг“, кој побара да остане анонимен бидејќи плановите сè уште не се објавени. Главниот секретар на владиниот кабинет Оливер Дауден ќе им се обрати на пратениците во Долниот дом со изјава за „безбедноста на службените телефони“ во текот на денот.
Одлуката е уште еден знак дека западните земји се загрижени оти Тикток и неговата матична компанија „Бајтденс“ (ByteDance Ltd.) може да претставуваат закана за националната безбедност. Минатата година американскиот Конгрес ја забрани употребата на апликацијата од страна на пратениците, а на вработените во Европската комисија им беше наложено да ја избришат апликацијата до 15 март.
Прочитај повеќе
Земји го забрануваат Тикток, Македонија нема ниту закон за приватност
Експертите сметаат дека има повеќе причини за грижа, не само безбедноста на податоците при користење апликации.
15.03.2023
Тикток размислува да се одвои од матичната кинеска компанија
Челниците на Тикток ја разгледуваат можноста да се разделат од кинеската матична компанија „Бајтденс“.
15.03.2023
Овој потег претставува пресврт во однос на претходните изјави, кога се наведуваше дека Обединетото Кралство нема да тргне по стапките на САД и Европската Унија. Министерката за наука, иновации и технологија Мишел Донелан во една пригода за „Политико“ (Politico) изјави дека користењето на апликацијата е „прашање на личен избор“.