Повторно се отворени пристаништата во Лос Анџелес и Лонг Бич, каде што работата продолжи да се одвива нормално по дводневниот прекин, бидејќи пристанишните работници се вратија на контејнерските терминали за ноќната смена во петокот.
„Тоа е добро. Работата се враќа“, рече Алан Мекоркл, главен извршен директор на „Јусен терминалс“ (Yusen Terminals LLC) во пристаништето во Лос Анџелес.
„Недостигот од работници ги затвори терминалите за контејнери во четвртокот. Затворањето на работата на пристанишните терминали немаше големо влијание поради малиот обем, зашто компаниите ги избегнуваа овие терминали, иако еден контејнерски брод што требаше да замине денеска доцнеше и луташе на брегот“, информира Кип Лоутит, извршен директор на Маринската берза во Јужна Калифорнија, која го следи сообраќајот на двете пристаништа на Западниот Брег.