Индија ја престигна Кина како најнаселена земја во светот, според податоците на Обединетите нации (ОН) објавени во средата.
Населението на Индија надмина 1,428 милијарди, што е малку повeќе од Кина, која, според контролната табела за светско население на ОН, има население од 1,425 милијарди.
Растечката популација врши дополнителен притисок врз владата на премиерот Нарендра Моди да создаде работни места за милиони луѓе што влегуваат на пазарот на трудот и сè повеќе се оддалечуваат од земјоделската работа. Индија, каде што половина од населението е под 30 години, би требало да биде најбрзорастечката голема економија во светот во наредните години.
Третата по големина економија во Азија сега е дом на речиси една петтина од човештвото, што е еквивалентно на вкупното население на Европа, Африка или Америка. Иако истото тоа засега може да се каже и за Кина, ова се очекува да се промени, бидејќи се предвидува населението на Индија да достигне 1,668 милијарди до 2050 година, додека прогнозите за Кина се дека дотогаш населението ќе се намали на околу 1,317 милијарди.