Европската енергетска криза е дотолку сериозна што Данска ги повика граѓаните да го скратат туширањето, а алиштата да ги сушат надвор како дел од строгите мерки за штедење струја и гас.
Нема знаци дека цените на гасот, кои во моментов се четири пати повисоки од вообичаено, ќе почнат да се нормализираат наскоро, вели Кristoffer Bottzauw, генерален директор на Danish Energy Agency.
Регулаторот повика на вонредни мерки за домаќинствата кои користат 29 отсто од вкупните количини гас во земјата. Советите до домаќинствата се дел од рекламна кампања која чини 3,6 милиони долари, а меѓу нив е и тој во кој се повикуваат граѓаните да ги исклучат каблите од струја пред да заминат на одмор.
„Се надеваме дека оваа кампања ќе помогне Данците да ја намалат потрошвачката за доброто на нивните паричници, заради состојбата со снабдувањето и заради влијанието врз климата“, изјави Stine Leth Rasmussen, заменик генерален директор на Данската регулаторна агенција. „Ќе имаме помала потреба од увоз на гас од Европа, ако доманствата трошат помалку“.
Данска е меѓу неколкуте европски земји на кои Русија им ги затвори славините за гас откако Orsted AS, компанија контролирана од државата одби да плаќа во рубљи. Во октовмри земјата треба да добие засилени испораки на гас од Норвешка преку новиот Балтички гасовод.
Германија, најголемиот европски потрошувач, на почетокот на овој месец ги повика граѓаните регуларно да ги одмрзнуваат фрижидерите, да ги сменат тушевите за поефикасни и да почнат да применуваат ЛЕД светилки во канцелариите низ земјата.