Какви се најновите трендови во работењето на инвестициските фондови во земјите од регионот Адрија ќе можете да прочитате в понеделник, во анализата што ја подготви аналитичкиот тим на „Блумберг Адрија“.
Во пресрет на првата аукција на таканаречени граѓански обврзници во Македонија, која ќе се одржи во текот на следната недела, ги разјаснуваме сите прашања поврзани со овој финансиски инструмент, со цел граѓаните да добијат подобра слика за тоа какви се придобивките од вложувањето во овој вид хартии од вредност.
Ќе анализираме колкав колач од државниот буџет се одвојува за платите на судската администрација и другите вработени во јавниот сектор што бараат зголемување на примањата. Истовремено, истражуваме и во каква кондиција е буџетот односно дали може да издржи ново покачување на платите во јавниот сектор.
По најавата на Кина дека ќе го ограничи извозот на минерални суровини во Европа, пред сè на галиумот и германиумот, анализираме дали заострувањето на трговската војна меѓу двете страни може да предизвика опасности и за дел од македонската индустрија, а со оглед на тоа што Кина е меѓу петте најголеми трговски партнери на Македонија.
Прашуваме дали некој во Македонија плаќа данок на добивки од тргување со криптовалути и колку нè чини застарената технологија за производство на струја во време кога се очекува дека новата технологија и зелената транзиција треба да доведат до значително намалување на трошоците за производство на енергија и до намалување на загадувањето.