Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство подготвува Закон за донирање на вишок на храна со кој треба да се обезбеди правна рамка и олеснети процедури за брза прераспределба на храна од донатор на вишок на храна до корисник и краен корисник.
„Ќе се воспостави транспарентен начин на прераспределба на храна преку електронска платформа како централна база на податоци за количини на донирана храна, регистрирани оператори со храна ( донатори на вишок на храна – посредници), кој досега не постоеше и ќе се потикнат донатори на вишок на храна да донираат на оној на кој најмногу му треба“, се вели во образложението објавено на Единствениот национален електронски регистар на прописи (ЕНЕР).