Какви се најновите трендови на пазарот на трудот во земјите од регионот Адрија ќе можете да прочитате в понеделник во новата анализа што ја подготви аналитичкиот тим на „Блумберг Адрија“. Истражуваме и колку од работниците во Македонија, а пред сè оние од ИТ-секторот продолжија да работат оддома по завршувањето на пандемијата на ковид-19.
Прашуваме дали македонските граѓани и фирми се повеќе наклонети кон користење кредити со променлива или со фиксна камата, какви услови нудат банките и какви придобивки и ризици има за кредитокорисниците кога станува збор за различните видови камати. Анализираме и дали има пораст на провизиите што се наплаќаат за користење платежни картички односно дали има промена на провизиите што ги наплаќаат македонските банки за различни услуги.
Македонската берза од почетокот на годинава бележи драстичен пад, а инвеститорите веќе подолг период може само да сонуваат за излез на нови компании на берзата. Анализираме какви се трендовите на берзите во поширокиот регион, а пред сè во Турција и во Романија.
Ќе истражуваме кои се петте земјоделски култури што се најзагрозени од глобалното затоплување во светот и во Македонија и какви се резултатите на инвестициските фондови во првата половина од годинава.