Поплавите оставија разорна трага низ Грција и Турција, додека Париз и Лондон се печат под есенскиот топлотен бран.
По смртоносните шумски пожари во текот на летото, Грција оваа недела беше погодена од бурата „Даниел“. При тоа загинаа три лица и беше прекинат сообраќајот на главниот автопат меѓу Атина и Солун, вториот по големина град во земјата. Доцнења имаше на аеродромите, а откажани се и туристичките летови до островот Скијатос. Невремето, кое ги поплави фармите во централна Грција, ќе стивне вечерва.
Во Турција, најмалку пет лица загинаа кога надојдените води кои носеа трупци и откорнати дрвја однесоа куќи во близина на градот Киркларели. Два животи се загубени и во Истанбул, каде што по бурен дожд беа поплавени станиците на метрото. Сообраќајот е обновен денеска.
Емисиите од фосилните горива ја загреваат планетата, предизвикувајќи екстремни временски услови од топлотни бранови и шумски пожари до силни бури и поплави. Ова лето беше најжешкото досега на глобално ниво со голема разлика бидејќи интензивна топлина ја зафати северната хемисфера од Кина до Калифорнија, според Европската агенција за набљудување на Земјата Коперник.
„Ќе продолжиме да гледаме повеќе климатски рекорди и поинтензивни и чести екстремни временски настани кои влијаат на општеството и екосистемите, додека не престанеме да испуштаме стакленички гасови“, рече Саманта Бургес, заменик директор на Службата за климатски промени Коперник.
Топлините над северна и централна Европа ќе продолжат во следните седум дена во делови од Германија и Франција. Париз се прогнозира да достигне максимална температура од 34 Целзиусови степени во петок и недела.
Во Обединетото Кралство, исто така, има нетипично за сезонататопло време, а во сабота се очекуваат високи 31 степени Целзиусови во Лондон.