Какви се резултатите во работењето на најголемите компании од фармацевтската индустрија во земјите од регионот Адрија ќе можете да прочитате во понеделник во анализата што ја подготви аналитичкиот тим на „Блумберг Адрија“
Германија, која е економскиот мотор на Европа во овој период се наоаѓа во незавидна состојба, а со проблеми се соочуваат и гигантите од германската автомобилска индустрија. Со оглед на тоа што многу од фабриките во слободните зони во Македонија се добавувачи токму на овие германски компании, анализираме какво ќе биде влијанието од рецесивните текови во Германија врз македонската економија.
Европската централна банка вчера повторно ја зголеми референтната каматна стапка и продолжи со рестриктивната монетарна политика за да влијае врз намалување на инфлацијата. Прогнозираме дали Народната банка, која наредната недела треба да одлучува за следните чекори во борбата против инфлацијата ќе ја следи ЕЦБ во понатамошното затегнување на монетарната политика.
По најавата дека „Магна“ ќе гради фабрика за кинески автомобили во Будимпешта, анализираме дали доаѓа до промени на пазарите во оваа индустрија.
Истражуваме дали и колку македонските граѓани нарачуваат производи преку „Амазон“ и какви се трендовите во регионот и во светот. Ќе следиме каква ќе биде одлуката на американската Фед за каматните стапки и ќе анализираме дали е поисплатливо да се издаваат недвижности краткорочно преку „Арбиенби“ или на долг рок.