Првиот македонски фискален совет почнува со работа. Буџетската каса за следната година ќе биде првата задача за тројцата членови на фискалниот совет. Позитивното влијание на ова тело врз фискалните политики светот веќе ги има согледано, нo какво ќе биде нашето искуство?
Добро утро, подолу се петте вести за почеток на денот.
Бишев, Беџети и Трпеска ќе немаат „сребрен куршум“ за државните финансии
Пратениците пред десетина дена ги прифатија предлозите за избор на Абдулменаф Беџети, Марина Трпевска и Глигор Бишев за нови членови на Фискалниот совет, тело што ќе профункционира и во Македонија.
Оперативно треба веќе да има став и за креирањето на буџетот за следната 2024 година. Според законското решение уредено со Законот за буџети, Фискалниот совет треба на независна, објективна и професионална основа да изработи анализи и мислења за макроекономските и фискалните претпоставки користени за изработка на буџетот на државата и фискалната стратегија.
Како пандемијата го претвори принцот Филип во биткоинер
Принцот Филип Караѓорѓевиќ, синот на последниот југословенски престолонаследник, е меѓу првите со кралска титула во светот што отворено призна дека е голем љубител на биткоинот.
Клучниот момент за тој да му се посвети на проучувањето на биткоинот беше пандемијата што избувна во март 2020 година. За „Блумберг бизнисвик Адрија“ зборува за тоа како и зошто станал биткоинер, но и за сите дилеми и предизвици со кои се соочува оваа дигитална монета.
„Нестле“: Светскиот пазар за храна и пијалаци се намалува
Луѓето трошат помалку, јадат помалку, фрлаат помалку или јадат повеќе надвор. Од компанијата „Нестле“ велат дека вкупното количество на храна и пијалаци продадени низ светот паѓа од почетокот на годината, што ги истакнува предизвиците со кои се соочува секторот.
Компанијата од Швајцарија произведува најразновидни видови храна - од чоколадо „киткет“ до коцки за супа „маги“. Своето портфолио на храна компанијата ќе го менува надевајќи се дека потрошувачите ќе сакаат да консумираат поздрави производи.
Саудијците може да ги олеснат намалувањата на нафтата порано отколку што мисли пазарот
Ријад ја поттикна нафтата од типот „брент“ до 100 долари за барел намалувајќи го производството токму кога глобалната побарувачка за гориво достигна рекордни нивоа. Тоа наскоро може да биде доволно за кралството повторно да започне со заживување на производството, наместо да ризикува понатамошен пораст на цените што ќе ѝ штети на економијата.
Организацијата на земји извознички на нафта и нејзините партнери следната недела ќе одржат сесија за мониторинг на пазарот, а потоа и целосен министерски состанок кон крајот на ноември за да се утврди производствената политика за 2024 година.
Промо: „Иднината на луксузот“, првата конференција во регионот за индустријата за луксузни производи, ќе ја истражи моменталната состојба на пазарот, ќе ги испита новите трендови и технологии и ќе понуди увид и стратегии за луксузните брендови што сакаат да напредуваат во годините што следуваат.
Оваа конференција што ја организира „Блумберг Адрија“ на 4 и 5 октомври во Регент Порто Монтенегро во Црна Гора ќе собере истакнати експерти, компании и деловни претставници од областа на луксузот од регионот и од целиот свет.
Доколку сакате да ја дознаете моменталната состојба и каде се движи индустрија за луксузни производи, како и да добиете веродостојни информации што ќе ви помогнат да донесете вистински деловни одлуки и да се поврзете со бизнис-лидерите од регионот, резервирајте го вашето место на конференцијата уште денеска преку ЛИНКОТ.