Температурите низ Европа продолжуваат да растат, сушејќи ги каналите за вода и зголемувајќи ја побарувачката за струја за да се ладат домовите, додека регионот страда од недостиг на електрична енергија.
Ова е продолжување на жешкото лето, кое следи по рекордно високите температури во јуни, што придонесоа летото да почне порано од обично. Жешките, суви услови предизвикуваат растење на цените на струјата, и создаваат криза во делови на Италија, каде што се топи глечер, а силната суша предизвикува намалување на резервите на струја, и го погодува земјоделството. Екстремните и опасни горештини се директен одраз на долготрајното горење на фосилни горива кои ја загреаа планетата.
„Она што е зачудувачки за топлотниот бран во Европа ова лето е неговата долготрајност“ рече Greg Dewhurst, метеоролог во британската Met Office. „Ќе потрае барем уште недела или две“.
Во Лондон и голем дел од јужна Англија се очекува да се видат температури на прагот на топлотен бран овој викенд. Температурите ќе продолжат да растат до наредната недела, кога ќе го достигнат максимумот од 32 степени целзјусови. Ваквите температури се далеку над границата за овој период од годината.
Во Шпанија, температурите се очекува да достигнат 45 степени целзјусови, рече Dewhurst, што ќе ги урне локалните рекорди во делови од земјата, како и во Франција и Португалија.
Жешки цени
Високите температури носат раст на цените на струјата, со растот на побарувачката за ладење. Вчера струјата во Британија достигна цена од £197.90 од мегават час, највисоката цена за струја потрошена преку викенд од април. Француските цени на струјата од денот претходно се искачија до 148.62 евра за мегават час.
Жешкото и суво време веќе создаде дополнителен притисок врз европското производство на струја. Electrice de France SA соопшти дека е можно да прекине со работа во некои од нуклеарните централи во земјата, бидејќи сушата ја намалува количината на речната вода, која е потребна за ладење. Хидроцентралите во Италија и Шпанија исто така доживуваат намалување на производството благодарение на жешкото и суво време.
Повисоките температури може дополнително да го зголемат влијанието на сушата, бидејќи се повеќе и повеќе вода испарува од резервоарите и реките, што дополнително го намалува хидропроизводството.
„Имаат многу малку вода со која можат да произведуваат струја“ рече Silje Eriksen Holmen, хидролог во Volue. „Не можеме да видиме крај во прогнозите“.
Температурите ќе ги „испечат“ плантажите со пченка низ западна Европа, во истиот момент кога тие влегуваат во главната фаза на опрашување. На берзата во Париз, фјучерсите на пченката вчера пораснаа за дури 6.6%, најголемата добивка месецов.