Како работат најголемите градежни компании во регионот Адрија и какви трендови се очекуваат во овој сектор ќе можете да прочитате во понеделник во новата анализа што ја подготви аналитичкиот тим на „Блумберг Адрија“. Истражуваме какви се очекувањата за движењата на цената никелот, челикот, железото и другите суровини од тешката индустрија.
Војната во Украина предизвика криза од невидени размери, прашуваме дали разгорувањето на војната на Блискиот Исток може да доведе до пораст на цената на нафтата, храната и другите суровини и повторно загревање на инфлацијата.
Анализираме какви се очекувањата за движењето на вредноста на акциите на светските берзи односно кои се можните добитници и губитници до крајот на годината.
Прашањето за користењето на нуклеарната енергија се враќа на голема врата откако Германија ги згасна своите реактори што негативно влијаеше врз енергетската состојба во оваа земја. Со оглед на тоа што обновливите извори на енергија засега се недоволни да ги задоволат потребите на населението и на деловниот свет, анализираме дали нуклеарките остануваат извор на енергија за иднината и каде е Македонија во однос на можното користење нуклеарна енергија.
Во пресрет на денот на штедењето ќе анализираме дали во Македонија доаѓа време на намалување на депозитната база на македонските банки, а по појавата на нови инструменти на пазарот и намалувањето на каматите на депозитите.