„Гугл“, компанија во сопственост на „Алфабет“ го оневозможи следењето на условите во сообраќајот во живо во Израел и појасот Газа на нејзините апликации „Гугл Мапс“ и „Вејз“ (Waze) на барање на израелската војска, а пред потенцијалната копнена инвазија во Газа.
„Како што направивме претходно во конфликтни ситуации и како одговор на ситуацијата што се развива во регионот, привремено ја оневозможивме можноста за гледање на сообраќајните услови во живо и останатите информациите поради безбедноста на локалните заедници“, рече портпаролот на „Гугл“.
Компанијата ги отстранува податоците за метежот во Израел и Газа во реално време на барање на израелските одбранбени сили, според лице со знаење за ова прашање кое побарало да остане анонимно. Информациите за сообраќајот во живо би можеле да го откријат движењето на израелските војници.
Прочитај повеќе
Ослободувањето на заложниците може да ја одложи израелската офанзива
Израел тврди дека се знае дека се киднапирани 210 заложници од различни земји
23.10.2023
Водич за разбирање на суштината на конфликтот меѓу Израел и Хамас
Арапите и Евреите кои живееле во Светата земја биле под Отоманската империја до крајот на Првата светска војна.
21.10.2023
САД и ЕУ вршат силен притисок врз Израел за одложување на офанзивата
Одложувањето се бара за да се отвори простор за ослободување заложници
20.10.2023
Компанијата презеде слична акција во Украина минатата година по руската инвазија на земјата, оневозможувајќи ги податоците за сообраќајот на возилата и пешаците во реално време.
Иако „Мапс“ и „Вејз“ нема да прикажуваат сообраќај во реално време, возачите кои ги користат системите за навигација ќе продолжат да добиваат проценети времиња на пристигнување кои се засноваат на условите во живо, велат од „Гугл“.
Израелскиот технолошки сајт „ГикТајм“ (GeekTime), кој прв го пријави сличајот, рече дека „Епл“ (Apple Inc.), исто така, исполнила слични барањето на израелската армија. Претставникот на „Епл“ не одговори веднаш на барањето за коментар. Израелските одбранбени сили не одговорија веднаш на барањето за коментар.
Израел повика повеќе од 300.000 резервисти по нападите на милитантната група Хамас убиени повеќе од 1.400 луѓе во јужен Израел, а повеќе од 200 беа земени како заложници. Војската навести копнена инвазија на Газа, која доби критики од светските лидери поради ризикот од цивилни жртви. Американскиот претседател Џо Бајден рече дека прашал за „алтернативи“ на копнената војна за време на неговите состаноци со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху минатата недела.