Кои се двигателите на ликвидноста на пазарите на акции во земјите од регионот Адрија ќе можете да прочитате в понеделник, во новата анализа што ја подготви аналитичкиот тим на „Блумберг Адрија“. Дополнително, ве учиме како да станете нинџа на личните финансии.
Дигиталните средства за плаќање сè повеќе ги заменуваат парите. Ги анализираме предностите и слабостите на дигитализацијата, колку дигиталното плаќање се користи во ЕУ и кај нас и какви се очекувањата за идниот период.
По војната во Украина, која предизвика енергетска и економска криза, светот повторно се соочува со голем оружен конфликт и на Блискиот Исток. Истражуваме какви се очекувањата за движењата на цените на основните суровини до крајот на годината и во следната година.
Дигитализацијата и зголеменото користење на онлајн услугите ја зголемуваат опасноста од хакерски напади и кражба на средства и на лични податоци. Анализираме какви опасности демнат во сајбер-светот и кои се најдобрите начини за заштита.
Појавата на вештачката интелигенција се споредува со појавата на интернетот. Истражуваме како се употребува вештачката интелигенција во светот, дали воопшто се употребува во Македонија, но и кои се потенцијалните придобивки и опасности од оваа технолошка иновација.