Матичната компанија на фирмата во чија сопственост е фудбалскиот клуб Интер (FC Internazionale Milano SpA) повлече околу 195 милиони евра (206 милиони американски долари) преку кредитниот инструмент на „Оуктри Капитал Менаџмент“ (Oaktree Capital Management) за финансирање на фудбалскиот клуб кој е во загуба.
Тоа е зголемување од 107-те милиони евра кои беа повлечени заклучно со февруари, а остануваат околу 80 милиони евра кои сè уште се достапни преку овој инструмент, се вели во соопштението што до инвеститорите го испрати „Интер Медиа и Комуникејшн“ (Inter Media and Communication Spa), која управува со медиумските права и спонзорствата на тимот од Милано. Заемот од 275 милиони евра првично во мај 2021 година беше доделен на „Гранд Тауер Сарл“ (Grand Tower Sarl) , ентитет преку кој „Сунинг Интернешнел“ (Suning International) го контролира најголемиот дел од акциите на Интер.
Дополнително, „Гранд Тауер Сарл“ му обезбеди на клубот нови заеми во вкупна вредност од 51 милион евра и претвори 86 милиони евра од постоечките кредитни линии во капитал помеѓу јануари и октомври, според резултатите на „Интер Медиа“, објавени претходно оваа недела.
Прочитај повеќе
Како спортистите станаа најголеми идоли на машката мода
Спортистите со својот моден избор го привлекуваат вниманието најмалку десет години.
11.09.2023
Саудиска Арабија се интересира за учество во Лигата на шампионите
Саудиска Арабија е заинтересирана за преговори за приклучување во врвното европско фудбалско натпреварување.
27.08.2023
Македонски менаџери со поголеми плати од буџетите на фудбалските клубови
Членовите на УО на Комерцијална банка имаат поголеми примања од годишните буџети на повеќето спортски клубови.
30.06.2023
Академија Пандев добива ново име и повеќе пари
Академија Пандев ќе се вика „Брера Струмица“
02.06.2023
Роналдо: Лигата на Саудиска Арабија ќе биде меѓу најсилните во светот
Португалецот смета дека чекор по чекор оваа лига ќе стане една од најдобрите пет во светот
24.05.2023
Финансиската поддршка обезбеди простор за дишење за клубот кој е потонат во загуби во последниве години. Новите спонзорски договори, паричните награди и ограничувањето на трошењето на играчите, исто така, помогнаа да се запре крварењето. За фискалната година што завршува во јуни загубата е 55 милиони евра, наспроти 85 милиони евра претходната година.
Заемот од „Оуктри“, кој е обезбеден со уделот на „Сунинг“ во Интер, доспева во мај. Интер разгледува различни опции за финансирање како што се приближува крајниот рок, а има и гласини за продажба.
„Матичната компанија достави докази дека има средства за поддршка на оперативните компании“, рече Андреа Акинели, главен финансиски директор на „Интер Медиа“, во разговорот со инвеститорите. „Она што ни е важно е дека акционерот секогаш ги поддржувал и ќе продолжи да ги поддржува компаниите.
На почетокот на оваа недела, „Интер Медиа“ беше отстранета од списокот за следење за потенцијални намалувања од страна на „СП Глобал Рејтингс“ (S&P Global Ratings), која го потврди рејтингот Б, што е пет нивоа под инвестициската оценка. Неодамнешните спонзорски договори потпишани од клубот и успешната спортска сезона го намалија ризикот од материјален пад на готовинскиот тек, забележа СП.