Израел ги засилува копнените операции во Газа со војници, тенкови и артилерија кои се борат со борците на Хамас по најинтензивното воздушно бомбардирање во 22-дневната војна што ја прекина комуникацијата со палестинската територија.
„Нашите сили се‘ уште се на терен (во северниот дел на Газа) и продолжуваат да се борат“, изјави контраадмиралот Даниел Хагари, главен портпарол на израелската војска. „Ние правиме напори да ги заштитиме нашите сили со воздушен оган“. Армијата соопшти дека нема жртви, додека Хамас тврди дека нанеле „тешки загуби“ на израелските трупи и опрема, според соопштение објавено на Телеграм.
Засилениот израелски воен притисок доаѓа по поограничните упади во последните денови преку копно и море.
Прочитај повеќе
Бајден и саудискиот принц бараат решение против разгорување на конфликтот во Израел
Целта е да се спречи ескалација на судирот меѓу Хамас и Израел, како и можноста да се вовлечат повеќе земји и групи во конфликтот.
25.10.2023
Блинкен испрати остро предупредување до Иран
Ако Иран го нападнат американскиот персонал некаде ќе ја браниме нашата безбедност брзо и одлучно
25.10.2023
Макрон: Легитимна палестинска држава би била од корист за Израел
Градовите на Западниот Брег се управувани од палестинската управа предводена од претседателот Абас.
24.10.2023
На воено барање запрени услуги на „Гугл Мапс“ во Израел и Газа
Барање на израелската војска пред потенцијалната копнена инвазија во Газа.
24.10.2023
Ослободувањето на заложниците може да ја одложи израелската офанзива
Израел тврди дека се знае дека се киднапирани 210 заложници од различни земји
23.10.2023
Водич за разбирање на суштината на конфликтот меѓу Израел и Хамас
Арапите и Евреите кои живееле во Светата земја биле под Отоманската империја до крајот на Првата светска војна.
21.10.2023
САД и ЕУ вршат силен притисок врз Израел за одложување на офанзивата
Одложувањето се бара за да се отвори простор за ослободување заложници
20.10.2023
Премиерот Бенјамин Нетанјаху претходно оваа недела изјави дека Израел се подготвува за копнена инвазија на палестинскиот крајбрежен појас. Американскиот претседател Џо Бајден рече дека побарал од Израел да го одложи целосниот напад врз Газа за да дозволи ослободување на повеќе заложници кои ги држеше Хамас.
Израел вети дека ќе ја уништи палестинската милитантна група откако 2.500 нејзини борци го изведоа најсмртоносниот напад во историјата на земјата, убивајќи 1.400 луѓе откако ја пробија силно заштитената безбедносна ограда и ги прегазија заедниците и воените бази во јужен Израел. Хамас, кој е означен како терористичка група од САД и Европската унија, исто така држи 229 заложници, вклучувајќи доенчиња и постари лица во Газа.
Израелската армија соопшти дека ги убила шефовите на воздушните и поморските сили на Хамас, кои помогнале во координирањето на нападите на 7 октомври, а воздушните напади погодиле 150 подземни цели, вклучувајќи тунели и друга подземна воена инфраструктура. Израел воведе блокада на преполниот Појас Газа, дом на повеќе од 2 милиони луѓе, прекинувајќи го снабдувањето со електрична енергија, вода и гориво, а досега е дозволен влез на мал дел од помошта преку Египет. Здравствените власти предводени од Хамас соопштија дека повеќе од 7.000 Палестинци загинале од израелските напади.
Најголема конфронтација
Тековните борби ја означуваат најголемата конфронтација меѓу Израел и Хамас, кои водеа два копнени конфликти во 2008 и 2014 година, кои траеја по неколку недели. Исто така, се заканува да прерасне во регионална војна, со зголемени прекугранични судири меѓу Израел и милитантната група Хезболах во Либан. Иран, кој ги спонзорира и Хамас и Хезболах, во петокот предупреди дека ќе се отворат нови фронтови против САД доколку продолжат со својата недвосмислена поддршка за Израел.
Европските лидери, вклучително и францускиот претседател Емануел Макрон, иако ја поддржуваат борбата на Израел против Хамас, го повикаа Нетанјаху да избегне напад од големи размери врз Газа што може да предизвика големи цивилни жртви. Арапските земји ги осудија израелските воени акции.
Семејствата на израелските заложници побараа итна средба со Нетанјаху и други високи функционери, изразувајќи акутна вознемиреност дека копнената операција ќе ја загрози судбината на нивните најблиски.
Во петокот беше објавено дека разговорите со посредство на Катар со цел да се обезбеди ослободување на повеќе заробеници постигнуваат напредок, но Хамас рече дека договорот е условен со привремен прекин на огнот. Хамас досега ослободи четири лица - двајца американски државјани и две постари Израелки.
Израел одлучи да продолжи со копнената операција во Газа бидејќи Хамас се обидува да добие време за обнова на воените капацитети, изјави генерал-мајорот (во резерва) Амос Гилеад, поранешен висок функционер на Министерството за одбрана.
„Ќе ги искористиме нашите воздушни сили, морнарицата и копнените сили за да го уништиме ова чудовиште“, рече Гилеад. „Ќе биде потребно време, можеби ќе треба да ја завземеме Газа, а можеби не“.
Владата останува посветена на безбедно извлекување на заложниците, додаде тој.